Гркот се налути и го уништи Портланд

Утрово се одиграа само два меча во НБА-лигата, а во центарот на вниманието беше ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо. Популарниот Грик-фрик беше незадржлив и најзаслужен за победата на Милвоки против Портланд од 137:129.

Актуелниот МВП на лигата за минатата сезона немаше баш добар шут од поле и погоди 9 од 27 удари од игра, како и само 5 од 10 слобдони фрлања, но заврши со трипл-дабл. Покрај 24-те поени, Јанис на крајот имаше и рекордни за сезонава 19 скока и дури 15 асистенции, а подели и по три банани и имаше три украдени топки.

На спротивната страна, Си-Џеј Мекалум заврши со 37 поени, 10 асистенции и шест скока, но немаше поддршка од соиграчите. Поради повреда, кај гостите го немаше Дамијан Лилард. Милвоки со победата над Портланд стигна до биланс од 12 победи и само три порази и моментно е најдобар тим во Источната конференција.

Феникс на свој терен загуби од Њу Орлеанс со 121:124. Иако делува дека ова било завршница во која победникот можел да се реши со еден напад, не е така. Гостите водеа со 124:115, а Сонцата единствено успеаја да ја намалат негативата само на три разлика.

- Оглас -

Најнови вести