Грми турбо-фолк од чуден тандем – Тој е најдобриот стрелец во ХНЛ, таа е хрватската Ким Кардашијан (Видео)

Јосип Дрмиќ, најдобриот стрелец во хрватското првенство, и хрватската Ким Кардашијан, како што ја нарекуваат Оливера Матиевиќ, направија необичен новогодишен музички дует и снимија турбо-фолк хит со наслов „Зошто ми го правиш тоа“.

Дрмиќ е соиграч на нашиот репрезентативец Дарко Велковски во Риека и е голгетер на Првата лига на Хрватска со 14 гола. Игра за швајцарската репрезентација, а двајцата родители му се од Хрватска.

Интересно е што шпицот на Риека е и текстописец на дел од песната што ја сними со Оливера Матиевиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести