Гробари нема да навиваат организирано во прво полувреме, квотата за Реал да води на пауза е голема

Кошаркарскиот натпревар помеѓу Партизан и Реал Мадрид ќе се игра во Белград како што беше предвидено, од 20.30 часот, иако во Србија е ден на жалост, а навивачката група на Партизан, Гробари, објавија соопштение во кое објаснија како ќе дејствуваат вечерва.

Од една страна горат од желба да му помогнат на својот тим да победи и да се пласира на фајналфорот, а од друга страна невкусно е да се пее и да се слави во денови на тага кога целата јавност уште е во шок од крвавиот напад во училиштето во Белград и осумте убиени деца.

Гробарите објавија дека одлучиле во првото полувреме да нема организирано навивање од нивна страна. Трибините ќе бидат преполни, а на почетокот на мечот сите ќе молчат и ќе кренат шалови и цвеќиња за да им се оддаде чест на настраданите.

Понудата на Sport Life за овој меч е богата, а една од игрите на кои може да се обложите е исход по првото полувреме. Квотата дека Реал ќе води на пауза е 2.02. Овојпат на Кралскиот клуб ќе му биде малку полесно во првиот дел отколку на претходниот меч бидејќи притисокот од трибините нема да биде толку екстремен, па можеби ќе го искористат тоа.

- Оглас -

Најнови вести