Гром од ведро небо, Ракитиќ ја донесе најтешката одлука во кариерата

Иван Ракитиќ по 106 натпревари и 15 голови за Хрватска, одлучи да ја заврши репрезентативната кариера. Плејмејкерот на Севилја за Ватрените дебитираше во 2007 година, откако ги одбра нив пред Швајцарија, државата во која е роден и за чија селекција играше во младите категории.

Ракитиќ, кој има 32 години, заедно со Лука Модриќ и Марио Манџукиќ беа лидери на Хрватска, која пред две години дојде до финале на Светско првенство. Во репрезентативна пензија оди како четврти по бројот на настапи и деветти стрелец во историјата на Коцкестите.

Ова е изненадувачка вест, особено што Ракитиќ постојано изјавуваше дека ќе игра и на Европското првенство следното лето. Сепак, трансферот од Барселона во Севилја го премисли, па селекторот Златко Далиќ ќе има еден силен адут помалку.

„Простувањето од репрезентацијата ми е најтешка одлука во кариерата, но почувствував дека ова е моментот кога морав да ја донесам оваа одлука. Уживав на секој натпревар играјќи за мојата татковина. На пријателите и соиграчите им ја посакувам целата спортска среќа на светот во наредните предизвици, а во мене ќе имаат најголем навивач. Убеден сум дека имаме одличен тим пред кој е светла иднина“, изјави Ракитиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести