Громорозен чин: За време на погребот на италијанската фудбалска икона, крадци „оперирале“ во неговиот дом

Паоло Роси, херојот на Аѕурите кој ја донесе третата светска титула на Мундијалот во 1982 година, пред три дена почина на 64-годишна возраст, а погребот се одржа вчера во кој популарниот Паблито беше испратен од семејството и неговите фудбалски пријатели и некогашни соиграчи.

За време на погребот, крадци влегле во домот на починатиот Роси кои украле рачен часовник и одредена сума на пари, а „операцијата“ ја забележала неговата сопруга по враќањето дома од погребот.

Громорозниот чин е пријавен во полиција и се води истрага да се најдат нечесниците кои во тешкиот момент одлучиле уште повеќе да наштетат на семејството.

- Оглас -

Најнови вести