Грожан имал скафандер кој може да издржи и 800 степени, но само 11 секунди, а тој беше заробен 27 секунди

Иако е роден на 17 април, Ромaн Грожан може на 29 ноември да го слави својот „втор роденден“. Францускиот возач во Формула 1 вчера имаше кошмарна трка на патеката во Бахреин. Уште во првиот круг од трката, Грожан излета и удри во заштитната ограда. Од силината на ударот, болидот се подели на два дела и, што е пострашно, веднаш се запали.

Грожан остана во болидот, а веднаш пристигнаа лекарските и спасувачките екипи. На општо изненадување, Грожан успеа сам да излезе од болидот и да се оддалечи на сигурна дистанца пред пламените јазици да го изгорат целиот болид.

Грожан синоќа лично се јави од болничкиот кревет за да потврди дека е добро и дека има само мали изгореници на рацете и дланките.

Многумина се прашуваат како може Грожан да има таква среќа и речиси неповреден да се спаси од таков пожар. Одговорот е во скафандерот кој го носат Ф1 возачите. Тоа е облека која е тестирана дека може да издржи на температура од неверојатни 800 степени најмалку 11 секунди. Во случајот на Грожан, скафандерот на возачот успеа да издржи и да го заштити цели 27 секунди.

Луѓето кои први пристигнаа на несреќата раскажуваат како изгледале тие пеколни моменти.

 

- Оглас -

Најнови вести