Грожан покажа како изгледа неговата изгорена рака (Фото)
Французинот утрово ќе заплачел од среќа кога видел дека може да ги мрда прстите.

Роман Грожан, пилотот во Формула 1, се чувствува многу подобро и добро се рехабилитира по страотната несреќа која ја имаше на неделната трка во Бахреин, кога неговиот болид се преполови и се запали. Грожан со завои е пуштен на домашно лекување, но состојбата му е подобрена. Французинот од тимот „Хас“ со среќна низа на околности се спаси од потешки повреди и изгореници.
Грожан објави фотографија од неговата десна рака замотана во завој.
„Ова е мојата десна рака утрово. Кога слушнав дека не мора да носам бандаж и дека можам да ги користам прстите, среќата беше неизмерно голема. Голема победа на патот кон оздравувањето“, напиша Грожан, кој останува во Бахреин.