Грозна повреда на фудбалерот на Манчестер сити (Вознемирувачко фото)

Манчестер сити рутински се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите  откако и во реваншот од осминафиналето го совлада Копенхаген со 3-1, а синоќешниот меч по лошо ќе го памети Матеус Нуњес.

Португалецот мораше да ја напушти играта во 74-тата минута откако го повреди средниот прст на левата рака. Иако лекарите му помогнаа и му го наместија прстот, болката беше пресилна.

Телевизиските камери одблиску го покажаа повредениот прст (свиткан под агол од 90 степени) на Матеус, кој веднаш беше заменет со Мика Хамилтон. Португалскиот играч за врска изгуби рамнотежа и кога падна, неправилно ја постави раката, предизвикувајќи дислокација, можеби и скршеница на прстот.

- Оглас -

Најнови вести