Грозни виде прекрасни ножички на Деспотовиќ (Видео)

Ѓорѓе Деспотовиќ го постигна голот на кариерата, а со прекрасни ножички го совлада голманот на Ахмат Грозни, Евгени Городов. Од тешка ситуација српскиот интернационалец погоди со удар преку себе и го изненади домашниот голман, кој беше на гол-линијата но не успеа да реагира.

Сепак голот за израмнување на Оренбург беше недоволен за успех, а главен виновник е гостинскиот голман Александер Добњев, кој утна цела топка во 70. минута, па Роши со гол му донесе победа на Ахмат. Киксот на Добњев погледнете го ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести