Грозоморно: Турски фудбалер призна дека го убил 5-годишниот син

Огромна трагедија го потресе турскиот фудбал. Играчот на турскиот Бурса Јилдеримспор, Шефкер Токташ признал дека го убил сопствениот петгодишен син. Грозоморното злосторство се случило во болница, каде детето лежело под сомнение дека е заразено со Коронавирус.

Токташ заминал во посета на својот син во болницата, а набрзо потоа лекарите забележале дека детето починало. Сомнежот бил дека детето починало поради компликации од Коронавирусот. Најчесто фаталниот крај кај опасниот вирус е по респираторни тешкотии, па затоа и лекарите немале сомнеж за тоа која е причината на детенцето.

Дури по 11 дена од смртта на детето, самиот фудбалер признал дека го задушил синот со перница додека детето лежело во болничкиот кревет.

„Цели 15 минути го задушував. Тој се обидуваше да се тргне, но јас го држев се додека не умре. Кога бев сигурен дека е мртов, ја тргнав перницата од неговото лице и започнав да викам по докторите дека нешто не е во ред“, откри Токташ, кој во изјавата зошто го сторил тоа, едноставно рекол дека „никогаш не го сакал тоа дете“.

На фудбалерот му се заканува доживотен затвор.

- Оглас -

Најнови вести