Грците не се Јапонци, ја уништија соблекувалната во Зеница (Фото)

После ремито во Зеница помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Грција, гостите го славеа нерешениот резултат на „Билино поле“, а соблекувалната ја оставија во катастрофална состојба, што ги шокирало вработените од ФК Челик.

Сликите кои ги објави „Дневни аваз“ покажуваат ѓубре низ целата соблекувална и запушени лавабоа, тушеви и други одводи.

Погледнете како изгледаат солекувалните по посетата на Грците:

За споредба, лани на СП во Русија цел свет се чудеше кога гледаше како јапонските навивачи сами си го собираат сметот кој го оставија на трибините, а фудбалерите ја „светнаа“ соблекувалната и на Русите им оставија ливче со благодарност за гостопримството.

- Оглас -

Најнови вести