Грузијците го уапсија 27. тенисер на светот, ја претепал поранешната сопруга

Полицијата во Тбилиси, Грузија го приведе 27. светски тенисер на АТП листата, Николоз Басилашвили поради напад на поранешната сопруга.

Според информациите од Грузија најдобриот тенисер од оваа земја ја претепал сопругата на 21. мај, а очевидец бил и нивниот син.

Следниот ден е приведен и му се заканува едногодишна казна затвор, ако биде прогалсен за виновен. Обвинителството во Грузија побара притвор за Басилашвили до 16. јули, но според информациите од тамошните медиуми тенисерот е пуштен на слобода со кауција од 29 илјади евра.

Басилашвили е најдоброрангиран грузиски тенисер, моментно на 27. позиција на АТП листата, а најдобар ранкинг му е 16. место. Има освоено три пехари на АТП турнирите и еден пробив до четвртата рунда на гренд-слем турнирите, пред две години на САД опен во Њујорк, што му е најголем успех во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести