Гундоган наместо да се пресели во Барселона, може да остане во Премиер лигата

Капитенот на Манчестер сити, Илкај Гундоган, на стартот од летниот преоден рок ќе го напушти европскиот шампион, но може да остане во Премиер лигата.

Фаворит за неговиот потпис беше Барселона, дел од шпанските медиуми објавија дека сè е договорено, но денеска англиските медиуми пишуваат дека Германецот може да остане во Премиер лигата и да се пресели во Арсенал.

На негов ангажман инсистира менаџерот на Арсенал, Микел Артета, кој одлучно ги знае квалитетите на Гундоган бидејќи три години (2016-2019) работеше како помошник на Хосеп Гвардиола во Манчестер сити.

„Мислам дека сме во добра позиција да го потпишеме Гундоган бидејќи Артета добро го знае и веројатно сè уште одржува контакти со него. Мислам дека Илкај ќе земе некое време за да одлучи бидејќи неговата мисија во Сити заврши со освојување на тројната круна“, изјави Пер Мертесакер, кој моментно работи како тренер во академијата на Арсенал, а во минатото играше заедно со Гундоган во германската репрезентација.

Освен Арсенал и Барселона, името на Гунгоган се споменува и со Милан и со неименуван тим од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести