Гвардиола: Ако не ме отпуштат, останувам во Сити

По две освоени титули во Премиер лигата едноподруго, Пеп Гвардиола со неговиот Сити сезонава многу веројатно ќе потфрли да ја одбрани титулата. Заостатокот зад лидерот Ливерпул е огромен, 14 бода се во прашање иако до крајот на сезоната има уште многу да се игра.

Токму поради тоа некои англиски медиуми веќе почнаа да му го планираат отказот на шпанскиот стратег, иако има договор со Граѓаните до јуни 2021 година. Гвардиола нема намера да си замине порано своеволно, отказ е единствен начин предвреме да го напушти „Етихад“.

„Доколку не ме отпуштат, останувам 100%. Имам договор кој планирам да го испочитувам до крај. Ниту еден менаџер не може цело време да победува, едноставно не е возможно. Оваа сезона загубивме неколку натпревари кои најверојатно ќе не чинат титула, но тоа е само една причина повеќе да работиме уште повеќе за да бидеме подобри“, потврди Гвардиола.

Неговиот Сити денес ќе се сретне со Кристал палас на домашен терен (16 часот), а Граѓаните ќе треба да му го разубават роденденот на Гвардиола кој слави 49 години.

- Оглас -

Најнови вести