Гвардиола до Агеро: Влези и направи пресврт! – Мисијата исполнета (Видео)

Манчестер сити му се придружи на Вотфорд во полуфиналето на англискиот ФА куп, откако на драматичен начин победи на гостувањето кај Свонси со 3-2. На Сити му требаа половина час за да покаже дека е многу поквалитетен тим, но почетокот на пресвртот се поклопши со влегувањето во игра на Серхио Агеро.

Во 63 минута, Свонси водеше со 2-0 и беше на чекор од сензација и место меѓу четирите најдобри во ова натпреварување. Тогаш тренерот Гвардиола реши да не калкулира и во игра да го внесе својот најдобар голгетер. Пораката до Агеро беше: Дај два гола. И Аргентинецот успеа во намерата, во 78 минута среќно погоди од пенал (топката удри во статива и од грбот на голманот се одби во мрежата) за 2-2, а после целосната офанзива, во 89 минута Сити дојде до голем пресврт, и повторно стрелец беше Агеро.

На Сити му се немаше случено на претходните 24 меча противникот да поведе, но покажаа карактер, и го свртеа резултатот, иако имаа среќа што во Англија не се користи ВАР, па третиот гол кој можеби беше од офсајд, сепак беше признат.

- Оглас -

Најнови вести