Гвардиола ги потврди лошите вести за Сити пред дербито против Ливерпул

Манчестер сити в недела ќе го има најголемиот предизвик сезонава. Граѓаните ќе гостуваат на „Енфилд роуд“ против Ливерпул, во дуел на двата најголеми конкуренти за титулата во Премиер лигата. Против Сити е традицијата која вели дека повеќе од една деценија не победиле на стадионот на Ливерпул, а сега тренерот на гостите Пеп Гвардиола има дополнителни проблеми.

Првиот голман на Сити, Едерсон нема да биде подготвен да брани во дербито против Ливерпул. Бразилецот се повреди на дуелот против Аталанта во Лигата на шампиони и беше заменет на полувреме. Гвардиола потврди дека Едерсон нема да брани в недела.

„Едерсон нема да биде подготвен за дуелот со Ливерпул. Колку долго ќе паузира? Не знам. Во тимот имаме уште еден одличен голман. Со Клаудио Браво на голот ги освоивме Карабао Купот и ФА Купот. Тој е одличен голман со огромно искуство“, вели Гвардиола, кој додаде дека има доверба во секој од неговите фудбалери.

Браво последен пат бил стартер на лигашки меч во мај 2018 година, што значи дека точно една и пол година не почнал од првата минута во првенствен дуел.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести