Гвардиола ги шокира новинарите, јавно го критикуваше Халанд

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, упати јавна критика кон својот напаѓач Ерлинг Халанд, иако Норвежанецот во саботата ги постигна двата гола во победата од 2:0 над Евертон во Премиер лигата.

Гвардиола најде замерки за говорот на телото на Халанд пред постигнувањето на головите.

„Двата гола кои ги постигна против Евертон многу ќе му помогнат на Халанд да ги разбистри мислите. Неговиот говор на телото не беше добар во првото полувреме, но во второто беше многу подобар. Неговото расположение пред и постигнувањето на головите беше поинакво. Правеше повеќе движења, меѓутоа дури и ако не постигне гол, мора да научи да има соодветен говор на телото. Мора да има позитивно расположение“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести