Гвардиола: И голот на Тотенхем беше нерегуларен

Фернандо Љоренте го даде клучниот гол за Тотенхем во 73-тата минута со помош на ВАР-системот за пласман понатаму во ЛШ, но Гвардиола не се согласува со одлуката на судиите и смета дека Љоренте играл со рака и дека голот требало да биде поништен. Манчестер сити уште еднаш не успеа да осигури пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, а според Гвардиола, главен виновник за тоа е ВАР.

„Го подржувам ВАР, но од еден агол се гледа дека Фернадо Љоренте играше со рака, а од судиски агол можеби и не“, вели Гвардиола.

За поништениот гол на Стерлинг, кој беше прогласен за офсајд, тој рече:

„Луѓето ‘од горе’ одлучија дека беше офсајд. Утнавме пенал во првиот натпревар, но горд сум на моите играчи и навивачи. Никогаш не сум слушнал таква врева од трибините откако сум во Манчестер, но фудбалот е непривидлив“, додаде шпанскиот стратег.

Што се однесува до трофеите, Манчестер сити има прилика првпат во историјата да донесе тројна круна дома. „Граѓаните“ веќе имаат освоено Лига куп, а во Премиер лигата се втори на табелата, со два бода помалку зад Ливерпул, но и со натпревар помалку, додека во ФА купот играат финале против Ватфорд (18 мај).

 

 

- Оглас -

Најнови вести