Гвардиола има „правило два килограми“: Ако се здебелиш две кила, добиваш забрана за тренирање со тимот

Некогашниот француски фудбалер, Гаел Клиши, откри дека менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е многу ригорозен околу тежината на фудбалерите и не дозволувал зголемување на килажата поголемо од два килограми.

Според Клиши кој од 2011 до 2016 играше за Сити, секој што ќе имал накачување на тежината од две или повеќе кила, бил острануван од тимот и не смеел да тренира со тимот додека не се врати на претходната килажа.

„Ако накачиш повеќе од два килограми од максималната дозволена тежина која ти е пропишана, нема да тренираш. Така беше со Гвардиола. Сум видел играчи кои не тренираа со тимот по две недели и мораа да тренираат напорно и да внимаваат на исхраната. Само една сезона играв за Гвардиола, од сите тренери кои ги имав во клубот кај него играв најмногу, би сакал подолго да бевме заедно“, вели Клиши кој сега му е помошник на селекторот Тјери Анри во У-21 репрезентацијата на Франција.

- Оглас -

Најнови вести