Гвардиола ќе земе „метла в рака“: Осуммина фудбалери си заминуваат од Манчестер сити

Манчестер сити е во трка за титулата во Премиер лигата, но Арсенал е клубот кој е во пол-позиција. Според најавите, на крајот од сезоната од тимот на Граѓаните ќе си заминат голем број фудбалери. Се шпекулира со најмалку осум фудбалери кои би си заминале за малку повеќе од еден месец, а бројката на играчи може да биде и поголема.

Бернардо Силва и Џон Стонс веќе најавија заминување бидејќи нивните договори истекуваат на крајот од сезонава. Дефинитивно во тимот нема да се врати ниту Аканџи, кој ќе продолжи во дресот на Интер за сума од 15 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

На излезна врата е и резервниот голман Џејмс Трафорд, а за него се заинтересирани повеќе екипи. Нејтан Ејк има договор до 2027 година, но Сити е подготвен да го продаде за да може да заработи од неговиот трансфер. Куферите полека може да ги патуваат и Матео Ковачиќ и Тејани Рејндерс.

Во тимот на Сити не го сакаат ниту Калвин Филипс, кој има договор до 2028 година, но е разочарување и не ги исполни очекувањата. Листата може да се зголеми посебно ако се случи Сити и оваа сезона да остане без трофејот во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести