Скандал во Италија: Ексѕвездата на Милан организирал забави со ескорт девојки?

Фудбалерот на Ал-Хилал во Саудиска Арабија, Тео Ернандес, се најде во центарот на скандалот во Италија. Ернандес во периодот од 2019 до 2025 година играше за Милан, период во којшто одигра над 260 натпревари за Росонерите и постигна 34 голови, а имаше и 15 асистенции.

Иако е надвор од италијанскиот фудбал, Ернандес е во центарот на скандалот откако беше објавена снимка од приватна забава. Фабрицио Корона ја објави снимката потенцирајќи: „Тео Ернандес имал обичај да вика некого за да нарача услуги за ескорт. Тео бил шефот, организаторот на „ескорт забавите“. Дури и купил комбе специјално за овие забави.“

Се верува дека познати фудбалери биле дел од овие забави организирани од Тео, а се споменуваат имињата на Хакан Чалханоглу, Брахим Дијас, Самуел Кастаљехо, Џиџи Донарума, Сандро Тонели, Златан Ибрахимовиќ, Рафа Леао… На забавите се вдишувал и гас за смеење од балони.

Спорното видео може да го видите ТУКА. 

- Оглас -

Најнови вести