Гвардиола може да стане првиот што ги тренирал Меси и Роналдо

Човекот кој како тренер има освоено шпанско, германско и англиско првенство, Хосеп Гвардиола, можеби ќе добие шанса да стане првак и на Италија, па да комплетира „гренд-слем“ и трофеи во четирите најсилни лиги во Европа. Италијански медиуми се сигурни дека наследник на Масимилијано Алегри во Јувентус ќе биде 48-годишниот Гвардиола.

Се шпекулира дека популарниот Пеп ќе зема годишна плата дури 24 милиони евра, но она што е привлечно за каталонскиот стручња, е шансата да стане првиот што ги тренирал Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двајцата најдобри фудбалери на светот во последните десетина години. Предизвикот е голем и затоа Гвардиола би заминал од клубот со којшто има договор до 2021 година.

Официјалното претставување на новиот тренер на Јуве ќе се случи на 14 јуни. Јувентус и Гвардиола ги спојува големата желба за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Пеп со Сити доминира во Англија, но тешко дека може да се искачи на кровот на Европа, па затоа бара нов предизвик. Гвардиола ја освои ЛШ во 2009 и 2011, а додека беше во Барса, не беше во најдобри односи со Кристијано. Но, изгледа тоа е само далечно минато и сега ќе соработуваат со цел да ја освојат Европа.

- Оглас -

Најнови вести