Гвардиола му беше тренер, играше за Барса, сега заглави во затвор за местење

Пет поранешни директори на Осасуна и двајца ексфудбалери на Бетис се осудени на затворски казни поради местење натпревари во сезоната 2013/14, но и за финансиски малверзации и фалсификување на документи.

Најпознат меѓу казнетите е Чави Торес, фудбалер кој играше за Барселона во ерата кога тренер беше Пеп Гвардиола, а тој доби едногодишна затворска казна.

Заедно со Антонио Амаја, кој му беше соиграч во Бетис во сезоната 2013/14, од челниците на Осасуна добиле по 650 илјади евра за да помогнат клубот од Памплона да се спаси.

Бетис беше веќе испаднат, а Торес и Амаја си ја завршија работата, директно или индиректно помагајќи ѝ на Осасуна. Бетис тогаш во последните две кола го победи Валјадолид со 4:3, а потоа загуби од Осасуна, но популарните Бикови од Памплона сепак испаднаа, и тоа по своја вина.

Торес и Амаја сега добија казни затвор во траење од една година, а најмногу настрада некогашниот директор на Осасуна, Анхел Вискај кој ќе мора да одлежи 8 години и 8 месеци зад решетки.

Патем тој и уште четворица поранешни раководни лица на Осасуна ќе треба да вратат 2,34 милиони евра во клупската каса.

- Оглас -

Најнови вести