Шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одржа прес-конференција за медиумите во пресрет на првиот полуфинален дуел против Реал во Мадрид.
– “Многупати сум дошол на овој стадион како играч и како тренер. Победував и губев, не знам што ќе се случи сега. Би сакал да знам, но не знам.“ – ја започна прес-конференцијата Гвардиола, а потоа продолжи:
– “Не сме дојдени да се одмаздиме. Тоа што било, поминало. Имаме шанса и ќе се бориме.“
За потсетување, Реал и Сити и минатата година играа во полуфиналето од Лигата на шампионите, а “кралскиот“ клуб беше подобар со вкупни 6-5, а потоа и го освои трофејот откако го совлада Ливерпул во финалето со 1-0.