Гвардиола нема дилеми: Се гледаме во полуфиналето од ЛШ

Во пресрет на возвратниот дуел од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Тотенхем, менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, е уверен дека неговата екипа може да се пласира во следната фаза и да биде чекор поблиску до посакуваниот трофеј.

„Потполно сум сигурен дека ќе се пласираме во полуфиналето. Тоа чувство го имав и кога ја гледав снимката од првиот меч, истото го чувствувам и сега. Можеби грешам, но јас сум уверен дека можеме да ја оствариме целта“, истакна Гвардиола.

Сити во Лондон загуби со 1-0 благодарение на погодокот на Сон, а „петлите“ во среда ќе бидат значително ослабени со отсуството на повредениот Хари Кејн. Под водство на шпанскиот стратег, „граѓаните“ никогаш не стигнале до полуфиналето. Лани беа елиминирани од Ливерпул токму во фазата на топ 8, додека пред две сезони нивниот европски поход заврши во осминафиналето, по двомечот со Монако.

- Оглас -

Најнови вести