Гвардиола: Немаме никакви шанси против Реал Мадрид

Првото полуфинале од Лигата на шампионите се игра вечерва во Манчестер, каде што Сити е домаќин на Реал Мадрид. Граѓаните се актуелни англиски прваци и едни од најдоминантните тимови во светот, но против себе го имаа Реал, кој е најтрофеен европски клуб.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, е свесен дека никако не може да се мери традицијата и историјата на двата тима, но додаде дека ова е меч на кој ќе играат по 11-мина фудбалери на двете страни.

„Ако треба да се натпреваруваме против нивната историја, тогаш немаме никакви шанси. Тоа се зборува. Сепак, ние имаме голема желба да се соочиме против нив и ова ќе биде неверојатен тест за нас. Ќе се обидеме да одиграме добро. Историјата постои и таа не можеме да ја промениме, но овде се работи за меч на кој ќе играат 11-мина против 11-мина и ќе има една топка“, рече Гвардиола, кој во својата тренерска кариера многу пати го имал Кралскиот клуб за противник.

- Оглас -

Најнови вести