Гвардиола: Ние сме тинејџери во Лигата на шампионите

Ние сме како тинејџери во Лигата на шампионите. Растеме полека, но сигурно и секако дека сакаме да го надминеме најголемиот успех и настапот во полуфиналето во 2010 година, вели тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Вечерва од 21 часот популарните „граѓани“ ќе го играат реванш-мечот со Шалке 04, а ќе почнат со предност од 3-2, по успехот на гостински терен.

„Ни треба поддршка и од навивачите. Без нив не можеме да успееме. Се радувам што симпатизерите на Манчестер сити се оптимисти, а секоја од екипите што остана во игра има право да се надева на титулата. Треба да се оди чекор по чекор, а најважно е да оствариме позитивен резултат против Шлаке 04“, додаде Гвардиола.

Но, по сензационалните подвизи на Ајакс и на Манчестер јунајтед, никој не е предвреме отпишан, па и Шалке 04 си има свои сметки.

Тренерот на гостите Тедеско вели дека Шалке 04 е апсолутен аутсајдер, но ниту тој, ниту играчите нема да се предадат. Германската филозофија на фудбал е препознатлива по тој елемент и тимот од Гелзенкирхен најавува голема битка и на реваншот во Манчестер вечерва од 21 часот.

„За вакви мечеви се игра фудбал, за нив се живее. Ќе дадеме сè од себе да одиграме борбено, квалитетно и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Набил Бенталеб.

Од него се очекуваат голови, а во тимот се враќа Емболо, што е голем поттик за гостите. Нема да игра талентираниот напаѓач Марк Ут, кој е повреден, со него отсутен ќе биде и Калиџури, но од таборот на Шалке велат дека нема да се предадат без борба.

Кај Манчестер сити отсутни ќе бидат Фернандињо, Отаменди, Де Бројне, Браво и Стоунс. Првиот меч го доби Сити со 3-2.

 

- Оглас -

Најнови вести