Гвардиола по втор пат доживува ваков неуспех во кариерата

Вулверхемптон одигра херојски меч и на крајот стигна до победа од 3:2 против Манчестер сити во последниот меч од колото за Боксинг деј во Англија.Волците губеа со 2;0, но на крајот успеаа да направат пресврт и да стигнат до победа. Освен трите освоени бода, Вулверхемптон успеаа да направат нешто што не им успеало да многу поголеми клубови во дуелите со стратег каков што е Пеп Гвардиола.

Шпанскиот тренер само втор пат во кариерата, во една сезона губи во двата лигашки меча од ист противник. Вулверхемптон во октомври победи со 2:0 во Манчестер, а сега со голот во 90 минута стигна до нова радост од 3:2. Ниту Реал Мадрид, ниту Атлетико Мадрид во Шпанија, ниту Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен или некој друг тим во Германија не успеа да го победи тимот на Гвардиола во два меча во иста сезона.

Два пати да го матираат Пеп во една сезона не им успеало ниту на Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем… Единствено досега Челзи беше тимот кој во сезоната 2016/17 под водство на Антонио Конте, успеа два пати во една сезона да го победи Сити во првенството. Сега на Челзи му се приклучи само уште Вулверхемптон.

Тоа што е уште поинтересно, тренерот на Вулверхемптон, Нињо Еспирито Санто станува кошмар за Гвардиола. Во тренерската кариера, Гвардиола против 35 различни тренери се надмудрувал барем по пет пати, а против Санто има најлош биланс. Во досегашните пет меѓусебни средби, Пеп има само една победа во дуелите со португалскиот стратег, што е 20 отсто успешност.

 

- Оглас -

Најнови вести