Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за ѕвездата Ерлинг Халанд, кој денеска на дебито во Премиер лигата даде два гола, и им донесе победа на Граѓаните од 2-0 против Вест Хем.
Пред една недела, многумина велеа дека Халанд нема да се снајде во Англија, тоа се гледало со утката од близина на Комјунити шилд мечот против Ливерпул, но денеска дојде демантот.
„Немавме дилеми дека Халанд е роден да дава голови, и дека ќе дава и тука. Пред една недела тој не можеше да се адаптира на Премиер лигата, а денеска е покрај Анри, Ширер и Кристијано Роналдо. Сакавме новите играчи да бидат среќни и го поттурнавме малку посилно“ – изјави Гвардиола.