Гвардиола: Се чувствувам како да сум на обвинителна клупа, невини сме сè додека не се докаже спротивното

Менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола, во пресрет на утрешното големо дерби во Премиер лигата против Ливерпул, изјави дека никој во Манчестер сити не се чувствува виновен за обвинувањата од англиската фудбалска федерација (ФА) за прекршување на финансискиот фер-плеј.

Само неколку дена откако ФА го казни Евертон со одземање на десет бода, медиумите објавија дека и Манчестер сити се соочува со слични обвиненија. ФА истражува дури 115 случаи во кои Граѓаните го прекршиле финансискиот фер-плеј.

„Невини сме додека не се докаже спротивното. Моето мислење околу 115-те случаи за прекршување на финансискиот фер-плеј не се сменило“, изјави Гвардиола и застана во одбрана на својот тим.

Новинарите ги интересираше ставот на Гвардиола дали Манчестер сити треба да биде исфрен од Премиер лигата се докаже дека ги прекршил прописите на ФА за финансискиот фер-плеј.

„Се чувствувам како да сум на обвинителна клупа, како веќе да сме казнети. Ние сме невини, се додека не се докаже спротивното“, одговори Гвардиола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести