Гвардиола шокира со изјавата: Манчестер сити има „најтенка“ клупа во Премиер лигата

Манчестер сити славеше над Астон вила и се доближи чекор поблиску до лидерот во Премиер лигата, Арсенал. Топчиите имаат 51 бод, три повеќе од Сити, а в среда токму овие два тима ќе излезат на мегдан, а дуелот се игра во Лондон.

Со евентуална победа, Сити ќе се израмни по бројот на бодови со Арсенал, но Топчиите имаат еден меч помалку, што значи дека повторно ќе имаат некаква предност во трката за трофејот. Во исчекување на дербито за врвот на табелата, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, се жали дека има мал фонд на играчи.

„Имаме само 18,19-мина фудбалери. Нашата клупа е мала, можеби најмала во целата Премиер лига. Важно е да имаме подготвени играчи, да се справиме со заморот и да ги избегнеме повредите“, рече Гвардиола, кој додаде дека и покрај сите проблеми што ги има, Сити против Арсенал ќе оди на победа.

„Арсенал има меч помалку. На крајот ќе видиме како ќе заврши табелата во Премиер лигата. Во Лондон ќе одиме да победиме против Арсенал. Кога еден тим ќе освои 50 бодови во првиот дел од сезоната, тоа значи дека има квалитет. Ние успеавме да ја намалиме разликата и тоа е добро“, додава Гвардиола во пресрет на дербито против Топчиите.

- Оглас -

Најнови вести