Гвардиола: Сите во светот прифатија, само во Англија се правиме паметни

Манчестер сити и Ливерпул ремизираа 1:1 во вчерашното дерби од Премиер лигата, резултат по кој на чело на табелата остана екипата на Лестер.

Ливерпул поведе со голот на Салах, а Сити израмни преку Габриел Жезус во акција во која Граѓаните имаа 19 успешни додавања пред да се случи финишот на Бразилецот. Пред крајот на првото полувреме, Кевин де Бројне не погоди пенал и пропушти да го доведе Сити во предност.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, најмногу негодуваше на фактот дека во Англија не е дозволено да има пет измени како што има во најголем дел од првенствата во цел свет.

„Со Клоп зборувавме околу борбата да се воведат пет измени во текот на мечот. Погледнете како се повреди Александер Арнолд, кој е англиски репрезентативец, и тоа токму пред репрезентативните обврски. Во целиот свет се дозволија пет измени во текот на мечот, само ние тука мислиме дека сме посебни. Не можеме да ги заштитиме играчите и тоа е катастрофа. Ќе разговарам со играчите, но и со останатите тренери за да се бориме да добиеме пет измени во мечот“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести