Гвардиола со писмо им се „заблагодари“ на челниците во Премиер лигата

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, е лут на првите луѓе во Премиер лигата поради распоредот кој е направен за време на Божиќните и Новогодишните празници. Гвардиола е лут затоа што Сити ќе треба да одигра два меча за помалку од 48 часа.

Граѓаните в петок ќе гостуваат кај Вулверхемптон во термин од 20:45 часот, а веќе в недела од 19 часот на свој терен ќе играат против Шефилд јунајтед. Покрај Сити, уште четири клуба ќе треба да одиграат два меча за помалку од 48 часа, а Гвардиола реши со писмо да ги „поздрави“ оние кои се задолжени за правење на распоредот.

„Им напишав писмо за благодарност. Ќе тренираме на 23 и 24. Вечерта на 24-ти ќе одмориме, како и на 25-ти. На 26-ти ќе тренираме, а на 27-ми ќе играме против Вулверхемптон. Нецели два дена потоа ќе го пречекаме Шефилд“, вели Гвардиола.

Шпанскиот стратег е реален дека сезонава тешко дека ќе може неговиот тим да ја одбрани титулата во Премиер лигата затоа што Ливерпул веќе има 16 победи во 17 средби.

- Оглас -

Најнови вести