Гвардиола: Сонував да играм заедно со Зидан!

Еден од најдобрите тренери на светот, Пеп Гвардиола, има неисполнет сон од времето кога беше фудбалер, а тој неисполнет сон му е да заигра во иста екипа со Зинедин Зидан, но не во Реал Мадрид, туку за Јувентус.

Гвардиола е каталонец и Граѓаните од Манчестер во него полагаат надежи дека може да го најде патот до четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако во осминафиналето би го елиминирале Реал, кој го тренира Зидан.

„Како играч, сакав да играм со Зидан, но тоа не се случи. Кога си заминав од Барселона, сон ми беше да прејдам во Јуве. За жал, никогаш не заиграв заедно со Зидан“ – изјави Гвардиола.

Во летото 2001 година, патиштата им се разминаа. Гвардиола потпиша за Бреша, а Зидан замина во Реал.

- Оглас -

Најнови вести