Гвардиола сруши еден легендарен рекорд на Сер Алекс Фергусон

Манчестер сити со 2:1 славеше на гостувањето кај Астон вила, па актуелниот првак ја задржа втората позиција во првенството со 32 бода, само еден помалку од лидерот Челзи.

Дијас и Бернардо Силва уште во првото полувреме дадоа голови за гостите и ги решија дилемите околу победникот, а домаќините во второто полувреме постигнаа еден погодок, што не беше доволен да ја скрати радоста на Граѓаните.

Оваа победа има посебно значење за тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој стана менаџерот кој најбрзо стигнал до 150 победи во Премиер лигата. На шпанскиот стратег потребни му беа само 204 натпревари за да стигне до 150 триумфи, со што го надмина рекордот на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

На Фергусон му беа потребни 247 средби за да стигне до 150 победи, што значи дека на Гвардиола за да го сруши овој рекорд кој траеше повеќе од 25 години, му беа потребни 43 средби помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести