Манчестер сити по победата во градското дерби против Јунајтед, повторно има шест бода предност во однос на Ливерпул, а менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, токму Црвените ги посочи како најсилен ривал со којшто се соочил во тренерската кариера.
„Најголем успех за еден менаџер е кога односот на фудбалерите кон играта не се менува и по три титули за четири години. И сезонава наш директен ривал за титулата е Ливерпул, а тие се најтешкиот противник кој сум го имал во кариерата како менаџер. Секој трофеј освоен пред Ливерпул, е најогромен успех за мене и за целиот мој тим“, вели Гвардиола.