Гвардиола: Титулата во Премиер лигата е поважан од таа во Лигата на шампиони

Манчестер сити за прв пат во клупската историја се пласираше во финалето на Лигата на шампиони и Граѓаните ќе играат во меч кој може да ги одведе на тронот на фудбаска Европа. На 29 мај во Истанбул, Челзи ќе биде ривалот на Сити, а интересно е што овие два тима винекдов ќе се сретнат и во дуел од Премиер лигата.

Сити е пред прослава на титулата во англиското првенство, а тренерот Пеп Гвардиола вели дека за него е поважнода се освои домашниот шампионат, отколку да се триумфира во Лигата на шампиони.

„Секогаш сум зборел дека титулата во Премиер лигата е најважна. Можеби клубот финансиски подобро ќе заработи од освојувањето на Лигата на шампиони, но нема дилема што е поважно. Секако дека трофејот во ЛШ е посебен, убаво е да се освои, но трофејот во Премиер лигата означува некаква константност“, вели Гвардиола.

За Сити и теоретски да биде првак треба да освои два бода во последните четири кола или Манчестер јунајтед еднаш само да загуби.

„Утре ќе биде првиот меч за да ја потврдиме титулата и ќе сакаме тоа да го направиме. Уште не мислиме за финалето во ЛШ. Кога ќе го обезбедиме пехарот во Англија ќе започнеме да се подготвуваме за финалето во ЛШ“, објасни шпанскиот стратег.

 

- Оглас -

Најнови вести