Гвардиола преку примерите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид објасни како се освојува ЛШ

Манчестер сити стигна до историска победа против Пари Сен Жермен од 2:0, триумф кој ги однесе Граѓаните до првото финале во Лигата на шампионите. Англискиот тим го елминираше францускиот првак со вкупни 4:1 по двата меча, а тренерот на победничката екипа беше пресреќен.

„Ова е неверојатно. Луѓето мислат дека лесно е да се пласирате во финалето. Конечно се виде дека сето тоа што сме го работеле во изминативе пет години има смисла. Моите фудбалери секој ден беа максимално концентрирани. Во првиот меч дадовме гол низ нивниот жив ѕид, а сега Маркињос ја погоди пречката во првото полувреме. Многу малку е потребно за да се испадне од Лигата на шампионите. Манчестер јунајтед има освоено титула во ЛШ поради тоа што Џон Тери се лизна при изведување на последниот пенал, но и поради тоа што успеаја да дадат два гола во последните две минути во дуелот со Баерн Минхен. Реал Мадрид ја освои титулата против Атлетико со гол во 93-тата минута. Едноставно, ништо не е лесно“, рече Пеп Гвардиола, кој трофејот во Лигата на шампионите го има освојувано со Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести