Гвардиола уживаше во магијата на Меси, а Менди лудуваше на трибините (видео)

Барселона вчера направи голем чекор кон финалето од Лигата на шампионите со победата од 3-0 над Ливерпул во првиот полуфинален меч. Лео Меси и другарите направија шоу, а Аргентинецот покажа уште еднаш зошто е неспоредлив со останатите топ светски играчи.

Меѓу речиси 100.000 гледачи на „Камп ноу“, се најде и менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола. Тој го гледаше својот поранешен тим со којшто освои две титула во Лигата на шампионите како го надигрува конкурентот за титулата на Сити во Премиер лигата.

На сосема друга страна од стадионот беше и бекот на „граѓаните“ Бенџамин Менди, а на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Французинот го прославува слободниот удар на Меси за 3-0.

https://twitter.com/NA1907_/status/1123695836867829766?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fd-15963663221278080022.ampproject.net%2F1903141753530%2Fframe.html

- Оглас -

Најнови вести