Гвардиола вели дека има луѓе кои сакаат сѐ да уништат

Манчестер сити без многу проблеми со 3:0 го победи Олимпик во Марсеј и сега е со максимални шест бода од првите две кола во Лигата на шампионите. Граѓаните и без првата ѕвезда во тимот Серхио Агуеро немаа проблеми да го пробијат бедемот на домашната одбрана.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, по победата над Олимпик реши да им врати на сите оние кои го критикуваат за слабите игри во Премиер лигата, каде што неговиот тим е на 13-тото место со три победи, две ремија и пораз од Лестер со 2:5.

„Мораме да ги прифаќаме критиките. Играме на секои три дена, тоа е жестоко темпо. Кога победуваме, тогаш е добро, но кога ќе загубиме, има луѓе кои сакаат сѐ да уништат. Најважно е дека претседателот на клубот ја разбира ситуацијата. Кога ќе погледнеме дека имавме скратени подготовки, повредени играчи, ситуации со корона-вирусот, мислам дека и добро котираме во Лигата на шампионите. Сигурен сум дека ќе најдеме константа во играта. Против Олимпик игравме многу добро и среќен сум затоа што секогаш е тешко да се победи на гостински терен во Лигата на шампионите“, рече Гвардиола по синоќешниот дуел во Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести