Гвардиола влезе во историјата на Сити, Челзи и Јунајтед ова не го доживеале цела деценија

Победата на Манчестер сити на гости кај Челзи има посебно значење за тренерот Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег кој постави одлична формација по која неговиот тим доминираше на теренот, стана дел од клупската историја на Граѓаните.

За Гвардиола ова беше 221 победа како тренер на Сити во сите натпреварувања, надминувајќи го рекордот на Лес Мекдовал кој имаше 220 победи со Граѓаните.

За разлика од Сити, Челзи и Манчестер јунајтед се потсетија како е да се изгуби во ист ден во Премиер лигата за прв пат по 10 години, односно од поразите кои ги претрпеа во очи на новогодишната вечер во 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести