Гвардиола: Во Дортмунд ќе одиме да се „тепаме“

Манчестер сити по пауза од повеќе од 700 минути, прими гол во Лигата на шампионите, и тоа во многу лош момент. Граѓаните капитулираа на свој терен во првиот меч од четвртфиналето против Борусија Дортмунд, но на крајот сепак победија со 2:1.

Ова е резултат кој на Борусија ѝ дава добри шанси затоа што Милионерите на свој терен и со минимален триумф од 1:0 ќе се пласираат во полуфиналето. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, вели дека ќе биде жестоко во вторите 90 минути затоа што Борусија е типичен клуб искусен за настапи во ЛШ.

„Прво што сакам да кажам е дека во Дортмунд ќе одиме на победа. Во првиот дел од мечот не се снајдовме на најдобар начин. Во второто полувреме ситуацијата се поправи и имавме неколку добри шанси при водството од 1:0. Борусија Дортмунд покажа дека е класичен клуб од Лигата на шампионите. Долги години е дел од ова натпреварување и во секој момент знае како треба да одигра. Во Дортмунд ќе одиме да се „тепаме“. Ќе биде тежок меч“, рече Гвардиола по победата во Манчестер.

 

- Оглас -

Најнови вести