Гвардиола за заминувањето на Клоп: Помирно ќе спијам пред мечевите со Ливерпул!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се пошегува кога побараа од него мислење за објавата на Јирген Клоп дека си оди од Ливерпул по завршувањето на сезонава.

„Ќе ми недостасува, неговата харизма че фали во Премиер лигата. Без него, ќе спијам малку помирно пред натпреварите против Ливерпул. Лично, тој ми беше најголем ривал. Му посакувам сè најдобро“, рече Гвардиола.

Гвардиола и Клоп беа ривали и во Германија додека Шпанецот го водеше Баерн Минхен, а Клоп беше на клупата на Борусија Дортмунд. Нивното ривалство се пресели во Премиер лигата. Иако Манчестер сити со Гвардиола има многу повеќе титули отколку Ливерпул со Клоп, сепак Гвардиола од ниеден колега не губел толку многу натпревари како од Клоп.

- Оглас -

Најнови вести