Ултимејт фајт шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, верува дека Дастин Појре може да го победи Конор Мекгрегор во претстојната нивна втора битка, која ќе биде во рамките на УФЦ 257 настанот во Абу Даби, утре рано наутро. Интересно е што ова мислење на човекот кој кариерата ја заврши без пораз, е спротивно на коефициентите кои ги одредија букмејкерите по обложувалниците.
Во Sport Life, квотата за победа на Ирецот Мекгрегор е 1.35, додека за Американецот е дури 3.45. Може да се обложите и во која рунда би завршила борбата, а може да типувате на нерешено, за што квотата е огромна.
„На почетокот Конор ќе биде поактивен, но во третата или четвртата рунда, мислам дека Дастин ќе го совлада Ирецот“ – предвидува Хабиб.
Инаку, на мерењето, атмосферата помеѓу врсниците (двајцата имаат по 32 години) беше пријателска, Мекгрегор и Појре се поздравија, се сликаа гушнати, а Американецот на Ирецот му подари шише со лут сос. Тие двајца се бореа еден против друг и во септември 2014 година, кога Конор го нокаутираше Дастин уште во првата рунда.