Хабиб доби понуда да се бори со – лав! (видео)

Непоразениот Хабиб Нурмагомедов моментално се подготвува за борбата против Џастин Гејтџи која е закажана за 24 октомври, а доби понуда каква што досега не се случила во боречките вештини.

Дагестанскиот Орел во кариерата ги победил сите борци кои му застанале на патот, меѓу другото, се проба и против мала мечка како дел од неговиот тренинг додека беше помал. Сега доби понуда да влезе во кафез и да се бори со лав.

„Хабиб, те гледаме како ги совладуваш најголемите ривали, па дури и мечка. Но, ако сакаш да го подигнеш нивото на опасност, пробај да тренираш со нашите „мачиња“. Уверен сум дека можеш и со нив да се носиш“, испрати порака Асколд Запашњи, руски тренер на лавови во циркус.

- Оглас -

Најнови вести