Неверојатно: Хабиб Нурмагомедов повторно заврши со шампионскиот појас во рацете (Видео)

Ислам Махачев е нов УФЦ првак во лесна категорија, откако во Абу Даби го победи Чарлс Оливеира. Дагестанскиот борец беше доминантен во првата рунда, а потоа во втората рунда Ислам со „давење“ успеа да го натера противникот да се предаде и така стана нов светски првак.

Прв кој му честиташе на Махачев по победата беше легендарниот Хабиб Нурмагомедов, кој е тренер на новиот светски првак.

https://twitter.com/i/status/1583936316785377280

Ислам со години беше ученик на Абдулманап Нурмагомедов, таткото на Хабиб, кој неодамна почина, а тој уште пред извесно време најави дека токму Ислам ќе биде светски УФЦ првак.

„Овој шампионски појас е за мојот тренер Абдулманап Нурмагомедов кој пред многу години ми рече дека само треба напорно да тренера, и ќе бидам шампион. Овој појас е негов и на Хабиб“, рече веднаш по победата новиот првак Махачев.

Токму Хабиб беше светски УФЦ првак пред две години кога реши да се пензионира и тоа без ниту еден пораз во кариерата. Ислам сега е наследниот на оваа шампионска дагестанска УФЦ лоза.

За неверојатниот Дагестанец ова беше 23 победа во 24 меч во кариерата, а има низа од 11 триумфи по ред. За Бразилецот Оливеира ова беше девети пораз во 44 борба во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести