Хабиб официјално стана фудбалер, потпиша договор со руски третолигаш!

Рускиот фудбалски третолигаш Легион, своите редови ги засили со една голема ѕвезда, некогашниот светски првак во ултимејт фајт во лесна категоија, Хабиб Нурмагомедов, на кого му се исполни желбата да биде професионален фудбалер.

Хабиб има 32 години, а во Динамо веруваат дека со неговата борбеност, Нурмагомедов ќе му помогне на дагестанскиот тим кој сега сигурно ќе има повеќе навивачи на трибините. Инаку, Легион добро ја почна сезоната, има 7 бода во првите три кола. Пред нив се само Динамо Махачкала и некогашниот учесник во ЛШ, Анжи.

- Оглас -

Најнови вести