Хабиб откри како ќе го победи Геjтџи: Прво ќе го уморам, а потоа…

Се наближува 24 октомври, датумот кога Хабиб Нурмагомедов ќе го оствари својот камбек во октагонот на УФЦ. Дагестанецот ќе се бори против Џастин Гејтџи, привремениот шампион во лесна категорија, на УФЦ 254 изданието.

Хабиб во меѓувреме ја откри тактиката со која ќе се обиде да прослави триумф и враќање на појасот, на спектаклот кој ќе се одржи на островот Јас во Абу Даби.

„Борбата со Гејтџи нема да личи на шаховски меч. Ќе нема многу тактизирање, бидејќи мојата борбена интелегенција е далеку подобра од неговата. Тој има само добар тренер, затоа и победува. Инаку, мојот план е да го уморам, па да го победам по третата или четвртата рунда. Секако дека ќе се обидам да го соборам на земја. Колку и да се труди да го избегне мојот зафат, јас нема да престанам додека не го видам на подот“, истакна популарниот Орел.

Нурмагомедов сè уште е непоразен во УФЦ и има 28 последователни победи, додека американскиот борец има учинок од 22-2 во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести