Хабиб откри за колку пари би можел да се врати во рингот

Хабиб Нурмагомедов веќе неколку месеци официјално е во пензија. Еден од најпознатите борци во УФЦ се повлече со перфектен биланс од 29 победи во исто толку борби. Дагестанецот изјави дека нема мотив да се бори откако почина неговиот татко и тренер.

Сепак, остана една работа „незавршена“. Сите очекуваа дека Хабиб ќе се повлече со 30 победи, а вака остана на 29 триумфи. Првиот човек на УФЦ, Ден Вајт, уште верува дека ќе успее да го премисли Хабиб да се врати во рингот.

„Ако одлучите нешто да завршите, тогаш и ќе го завршите тоа. Најверојатно дека Вајт ќе ми понуди пари да се вратам. Ако се работи за 100 милиони долари, тогаш ќе ми биде многу тешко да донесам одлука. Ќе видиме какви се неговите планови“, рече Хабиб, но додаде дека не планира повторно да се бори со Конор Мекрегор и Дастин Поирер. „Двајцата лесно ги победив“, искоментира апсолутниот шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести