Хачанов е првиот финалист на олимпискиот тениски турнир

Карен Хачанов се пласира во финалето на олимпискиот тениски турнир во машка конкуренција откако славеше по два сета над Шпанецот Пабло Карено Буста со 6-3, 6-3.

Рускиот тенисер ќе се бори за златниот медал во Токио, а за неколку часа ќе дознае дали противник во финалето ќе му биде првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, кој во второто полуфинале ќе ги одмери силите со Александер Зверев.

Клучен беше брејкот за водство од 3-2 во гемови во првиот сет, по што Хачанов ја презеде иницијативата, па со нов украден сервис ја искористи втората сет-топка за да направи исчекор кон финалето. Во вториот сет Русинот направи брејк за 4-2, па за победата чекаше тој да сервира и со идентичен резултат да го освои и вториот сет.

Женското финале меѓу Бенчиќ и Вондорусова е закажано за утре, во 9 часот наутро, а четири часа порано се игра мечот за бронзата меѓу Рибакина и Свитолина.

- Оглас -

Најнови вести